Производство на училишен и канцелариски мебел

За нас

Две ипол децении постоење, вложување во квалитет и иновации е синоним кога на пазарот ќе се спомне компанијата МЕРИАН-АС, водечка во својот сектор, на пазарот во Македонија и пошироко.
Историјатот на компанијата датира од 1991 година, кога МЕРИАН АС беше само едно микро претпријатие во кое се имаше желба за напредок и проширување, идеи како да се постигне целта да се биде лидер на пазарот по квалитет а не квантитет.
Низ годините учевме и созревавме, континуирано ги следевме светските стандарди на работење, комунициравме со престижни светски компании кои работат во оваа бранша, за да оваа компанија не биде само првата во Македонија за производство на училишен, предучилишен и канцелариски мебел, туку и пример и водич за сите останати фирми.
Многубројните признанија и сертификати во ова две ипол децениско постоење говорат за трудот вложен во Мериан АС. Пофалбите кои се нижат низ годините од нашите партнери, соработници и клиенти говорат за успехот постигнат преку контиуирано унапредување на нашето производство. Сето ова претставува раст на оваа компанија на пазарот и придвижување кон највисоките цели.
После 25 години, МЕРИАН АС ги опремува сите училишни и предучилишни установи во Македонија, но не изостанува и соработката со соседните балкански земји. Но, освен овие институции, канцелариите на многу домашни и странски компании се наша грижа.
Она што денес нè прави посебни на пазарот се и стандардите по кои работиме.
Сите наши производи се лабораториски испитани и одобрени од престижни институти. МЕРИАН-АС денес работи со најсовремена технологија за производство на предучилишен, училишен и канцелариски мебел, притоа секоја идеа на наш клиент ја реализираме со целосно задржување на квалитетот и во целост.